Денот Е: Елементал

elementalElemental и Скопје, љубов која трае 10 години!!!

После одличните концерти во Загреб и Белград, Скопје е третиот град во кој Елементал ќе настапат со нивното шоу „Денот Е“. Поводот е исклучително значаен, а тоа е 10 годишен јубилеј од нивниот прв настап во Скопје, после сите успешни клубски концерти изминативе 10 години за првпат пред своите фанови ќе настапат на голем концерт во малата сала од вип арената БОРИС ТРАЈКОВСКИ!!!

19 години од нивното постоење, 10 години во Скопје рима, ритам и музика со Елементал.

Сабота 18 март
ВИП Арена (мала сала) С.Ц. Борис Трајковски
Старт: 20:30
(вратите се отвораат во 20:00 часот, музичката програма започнува од 20:30)

Влезници во претпродажба во строго ограничен број и по супер промотивна почетна цена за првите 500 билети од 300 денари, потоа 400 денари преку продажната мрежа на Купи Карти За Се.