Дедо Мраз на Марс???
Колку и да ви звучи неверојатно, оваа година за прв пат ќе имате можност да ја дочекате "Нова Година" на Марс, Венера и Земјата, истовремено! Барем виртуелно. Многу наскоро, Универзална Сала и Македонскиот народен театар (МНТ) го започнуваат најголемиот проект годинава, наменет за сите деца од 4 до 14 години, но и за сите оние кои за момент сакаат да се почувствуваат како мали деца. Од 20ти до 25ти Декември, неколку пати на ден ќе имате екслузивна можност да уживате во виртуелна прошетка, заедно со Дедо Мраз, Меглена, Паскал Џулиус, Вера-венера, Роботко и многу други ликови.
Претставата е работена според драмата за деца "Мали Сонца" на Љупчо Стојановски, кој е и автор на музиката за претставата.
Друштво во него ќе ви прави проверената екипа од МНТ: Дарија и Магдалена Ризови, Томе Витанов, Трајче Ѓоргиев, Алексндар Миќик и многу други.
Режија и текст: Снежана Коневска - Руси
Визуелизација: Бојан Трифуновски и Елена Максимовска
Оваа нежна и визуелно привлечна приказна, на мачичен, за децата досега невиден начин ќе ја илустрира приказната за победата на доброто во секој човек, надополнета со пеење во живо, видео и компјутерски генерирани анимации и раскожни костуми.
Вселенскиот брод "полетува и слетува" во Универзална Сала во следниве термини:
20, 21 и 23ти Декември во 19:00 часот,
на 24ти и 25ти Декември, ќе полета трипати и тоа во 13:00, 17:00 и 19:00 часот.
Билетите за незаборавното патување на Марс можете да ги набавите на билетарите на Универзална Сала и МНТ, како и на сите продажни места на ККЗС, по цена од 150 денари.
Повеќе детали за претставата и слободните термини можете да добиете во:
Универзална Сала 02/ 3245 - 615, info@univerzalna.com.mk
МНТ Маркетинг 02/ 3230 - 304