Има ли спас за Дедо Мраз
Универзалната Сала во Скопје секоја година приредува новогодишни претстави за деца со што придонесува за подигање на новогодишната атмосфера и предизвикува огромно задоволство кај сите оние што ќе ја посетат претставата. Оваа година ќе прикажат уникатна, модерна, интересна, забавна, интерактивна и едукативна претстава со наслов “Има ли спас за Дедо Мраз” која ќе го привлече и задржи интересот на посетителите.
Се работи за приказна во која на почетокот се појавува очаен и разочаран Дедо Мраз кој не е во состојба да ги испорача посаканите подароци поради тоа што некои лоши деца му ги измешале списоците и му го сокриле компјутерот, па машките ќе ги добијат подароците од девојчињата и обратно...
На сцената ќе настапат познати актери, Влатко Илиевски во улога на Дедо Мраз, Кире Печијарески во улога на наставникот, Ана Стојановска како секретарката, а претставата ќе биде илустрирана со веќе познати и новокомпонирани новогодишни музички нумери и балетската група Еурека.
Исто така пред почетокот на претставите ќе биде промовирана и новата новогодишна химна “Излези Дедо право на тераса и поздрави ја цела детска раса” која со помош на нашите медиумски покровители ќе стане препознатлива нумера која посетителите во Универзалната Сала за време на претставите ќе ја пеат заедно со изведувачите.
Претставите ќе се одржуват од 26 - 29.12.2012 година, со почеток во 19 часот.
На 29.12, претставата ќе се игра во три термини, 11:00, 13:00 и 19:00 часот.
Билети во предпродажба во музичката продавница Пола Југотон ГТЦ 1кат и онлајн преку Купи Карти За Се, по цена од 150 денари.