Dead Can Dance
DEAD CAN DANCE
21 Септемви 2012
Earth Theatre, Солун, Грција
Ако се обидеме да ја опишеме музиката на Dead Can Dance, тогаш таа би била патување во светот на сетилата, каде што законите на природата не постојат. Нивната музика не се споредува со ниедна друга, а композициите на Brendan Perry претставуваат експерименталени симфониски композиции. Нивната музика во себе крие мистичност, на моменти е мрачна, во некои моменти во себе има и етничка референца која не води на места кои само човечката фантазија може да ги дефинира. Кога на овие композиции ќе се додаде вокалот на Lisa Gerrard, единственото нешто што можете да го очекувате е патување во некој паралелен универзум.
Кога по објавувањето на нивниот последен албум "The Spiritchaser", во 1996 година, бендот се распадна, се случи голема загуба за музичката индустрија. 14 години подоцна, нивното реобединување, новиот албум и новата турнеја, се сметаат за еден од најважните настани оваа есен.
На претстојната турнеја тие ќе го промовираат својот најнов албум.
Билетите за претстојниот концерт, со вклучен превоз изнесуваат 4150 денари и истите можете да ги купите онлајн преку Купи Карти За Се.