Дарко Рундек со Карго Трио
Дарко Рундек со Карго Трио во Скопје
Музичкиот херој на некогашната југословенска сцена Дарко Рундек на 9ти мај во универзалната сала, со почеток во 20:30 часот пред скопската публика ќе го одржи долго очекуваниот концерт во придружба неговото Карго Трио.
Бендот во октомври минатата година објави нова песна Midnight Calypso, со која на публиката и најави дека може да очекува нов албум во блиска иднина, а дотогаш, последно издание на групата останува албумот „Плави авион“, кој излезе во 2010 година.
Минатата година беше издадена и книгата „Kнига за песните: Рундек, помеѓу“, чиј автор е хрватскиот музички новинар Анте Перковиќ. Во неа се опишани приказните за настанувањето на дел од хитовите во кариерата на Рундек, а содржи и мноштво фотографии, од кои повеќето никогаш претходно не биле објавени.
Скопјани ќе имаат вистинска прилика во интимна атмосфера да ги слушнат старите хитови на Хаустор но и новиот матерјал на овој неуморен музички номад кој воодушевува со секоја изведба.
Картите за ова незаборавно музичко искуство ќе може да ги набавите во продажните места на Купи карти за се. Билетите се продаваат според следниве категории цени:
партер, блок 2-6 - 500 денари
блок 1 и 7 - 400 денари
ложа 1-11 - 600 денари