Да ја завршиме годинава со смеење
Да ја завршиме годината со смеење со Марјан Ѓорѓиевски на Бродот на среќата
Тој внимаваше на вас преку целата година, ги знае вашите желби и тајни и секогаш наоѓа начин да ве насмее до солзи. Неповторливиот Марјан Ѓорѓиевски ќе го изведе својот Моноспектакл „Со глава во ѕид" на Бродот на среќата. Моноспектакл не е само монодрама, моноспектакл не е само стендап. Тоа е вистински спектакл со еден човек. Апсурдно звучи, па цела реалност во која живееме е апсурдна што ве чуди?!
И уживајте - помалку дијазепами, помалку нервози, помалку стрес, со чисто срце продолжете си во 2020.
Влезниците за седење се во строго ограничен број и можат да се купат по цена од 400 денари само во kupikartizase.com
Влезниците за стоење се во строго ограничен број и можат да се купат по цена од 300 денари од бродот на среќата и kupikartizase.com