ЧУДЕСНА ТЕРАПИЈА

Театарска претстава ЧУДЕСНА ТЕРАПИЈА
Од : Даниел Глатауер
Режисер: Димче Николовски

Предворје на црква Св.Софија
09.08.2020
22:00 ч.

Драмски театар, Скопје

Големината на една интимна врска меѓу двајца, се мери преку одговорот на прашањето: Дали успева да постои и надвор од љубовта?

Животот е генератор на пречки кои ја носат врската во неочекувани насоки и проблеми. Начинот на кој се справуваме со нив, може да ја зацврсне, а може и потполно да ја уништи. Во ваквите моменти, комуникацијата е единственото ненасилно и ефикасно оружје што го поседуваме.

Комуникацијата е универзална способност на секој човек.  Но, дали знаеме вистински да комуницираме? Се чини едноставно, но во врска, сакале или не, се’ станува комплицирано. Понекогаш и до бескрај. Разговорот знае да прерасне во кавга, кавгата во конфликт, а конфликтот во војна. А проблемот, наместо да биде решен, да роди нов, поголем проблем.

Зошто е важно да разговараме? Како да разговараме за вистински да ни помогне?

Оваа претстава се занимава со потребата од чиста и искрена комуникација како предуслов за една среќна врска. При тоа, безусловно е свесна дека во комуникациската еволуција, човештвото има уште многу етапи што треба да ги совлада.

Улоги:

Терапевтот: Соња Стамболџиоска

Јоана: Маја Вељковиќ Пановска

Валентин: Предраг Павловски

Драмтург: Александра Бошковска

Костимограф: Раде Василев

Автор на песна: Давид Матевски

 

 

 

 

 

Не се препорачува за лица под 12 годишна возраст

 

 Времетраење: 1час и 20 мин.