CECA
На 1ви август на голем концерт во Охрид доаѓа најголемата балканска ѕвезда Светлана Ражњатовиќ – Цеца. Стадионот Билјанини извори ќе биде претесен за да ги собере фановите на Цеца на концерт за кој што и самата вели дека ќе биде вистински open air спектакал.
Со песните од новиот албум, “Име и презиме”, “Да раскинем за њом”, “Позив” и многу други, Цеца веќе полнеше концертни сали и стадиони низ цела Балкан а потоа и Европа. Овојпат на ред е македонскиот бисер каде на 01 август ќе приреди концерт за паметење.
Цената на влезниците за стоење до 15 јули изнесува 500 денари, а потоа 600 денари и истите можете да ги набавите преку продажната мрежа на Купи Карти За Се. За трибини, кои што се во ограничен број изнесува 800 денари. Цената за вип фан пит влезница изнесува 1000 денари. Додека пак за повеќе информации и резервации за Вип влезниците на овој концертобратете се на телефонскиот број 078969998.
Почетокот на концертот е закажан за 21.30. Ражњатовиќ ветува незаборавна неколкучасовна забава во која без сомневање публиката ќе биде погласна.