Часови за готвење слоу фуд

Здружението за социјални иновации „АРНО“ во соработка со здружението „Слоу фуд Водно“ и СУГС „Лазар Танев“ на мениот ви нуди нова тура од 5  часови за готвење со инструктори-професионални готвачи.

Новата серија „Часови за готвење слоу фуд“ започнува на 8. 12.2018 (сабота) во 17:00 часот,  со „Сирење на трпезата“.

Со помош на инструкциите на шеф Маре Јаневска ќе имате можност да:

- испечете интересни брускети со различни вкусови

- подготвите пита со сирење и блитва

- дегустирате македонски традиционални сирења

- го пробате македонското автохтоно вино Станушина

На сите часови учениците-готвачи од СУГС „Лазар Танев“ ќе бидат во улога на ваши асистенти и ќе бидат тука во секој момент за поддршка и помош.

На часот можат да присуствуваат максимум 10 учесници.

Цена: 1200 ден.

Со секој купен ваучер учесниците добиваат намирници потребни за подготовка на јадењата, час од 90+ минути исполнет со дружење и забава, инструкции од искусни гастро-шефови, помош од учениците-готвачи и секако, можност да го споделат или понесат со себе јадењето кое сами го приготвиле.

За повеќе информации посетете го линкот или побарајте нè на следниве броеви:

077/855 832 или 070/537 384.