Бизнис кафе Македонија 33
На 14.03.2019 г. од 18:00 часот во кафе барот Umbrella (ГТЦ) ќе се одржи 33 – тото Бизнис кафе Македонија кое ќе носи наслов „Патот кон успехот“.
Гости на мартовското Бизнис кафе Македонија ќе бидат Винка Саздова основач и сопственик на ТРИ, Елена Панова - Маркетинг директор на Вип и Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант во 25 земји управител на Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје.
Цената на билетите изнесува 300 мкд.