Бизнис Кафе Македонија 30

Бидете со нас на летното 30 – то јубилејно издание на Бизнис Кафе Македонија кое ќе се одржи на 04.07.2018 г. од 19:00 часот во кафе бар Чао.

Гости на настанот ќе бидат: Г-динот Кирил Лазаров - Најдобар македонски спортист, капитен на македонската ракометна репрезентација, Г- динот Мислав Галев – Извршен директор на ВИП Македонија и Г- динот Горан Павичевиќ – CEO на Sport Life

Дојдете подготвени за нова доза на бизнис идеи, инспирација, мотивација, страст и нови контакти. 

Дружењето трае 2-3 часа. Првиот час е резервиран за гостите, успешни сопственици - претприемачи, кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, проследено со бизнис вмрежување (speed dating) и дружење.

Учесниците на бизнис кафето добиваат едно кафе и вода од организаторот, нови контакти, договарање на соработка, мотивација, делење на информации и знаења, размена на искуства, стекнување на нови потенцијални клиенти и бизнис партнери, можност за освојување на интересни награди.