Бизнис кафе Македонија 31

 

Бидете со нас на 31 -то Бизнис кафе Македонија, последното од 5-тата сезона, ќе се одржи на 13.09.2018г. од 18:30 часот во Ревија бар (Лептокарија).

 

Гости на настанот ќе бидат: Г- а Елена Иванова – Менаџер за туризам во ИМЕ Програмата,  Г-а Емилија Ќелешоска – Основач на Адвокатското друштво ДДК, Г-дин Владимир Косијер – Генерален директор на Пивара Скопје и Г-а Ксенија Николова – Писател и Текстописец

 

Дојдете подготвени за нова доза на бизнис идеи, инспирација, мотивација, страст и нови контакти.

 

Дружењето трае 2-3 часа. Првиот час е резервиран за гостите, успешни сопственици - претприемачи, кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, проследено со бизнис вмрежување (speed dating) и дружење. 

 

Учесниците на бизнис кафето добиваат едно кафе и вода од организаторот, нови контакти, договарање на соработка, мотивација, делење на информации и знаења, размена на искуства, стекнување на нови потенцијални клиенти и бизнис партнери, можност за освојување на интересни награди.