Бизнис Кафе Македонија #4

businesscafeЧетвртото Бизнис Кафе Македонија ќе се одржи на 22ри мај од 17:30 ч. во ресторан La Champagneria (ул. Никола Вапцаров бр. 3 - претходно Okaidi – продавница за деца).

На четвртото Бизнис кафе Македонија повторно ќе имаме тројца интересни гости. Со нас ќе бидат Г-дин Александар Манев магистер по финансии, инвестициски советник, основач и директор на www.faktor.mk,  најрелевантен и најпосетен бизнис портал за бизнис и економија. Добитник на повеќе медаљи за успешни презентации TOP Menadjment i Bled School of Management, прва генерација лиценцирани инвестициски советници во РМ и основоположник на првите инвестициски фондови во РМ -Илирика. Г-а Марина Анчевска - oсновач и генерален менаџер на Центарот за бизнис психологија – Системски НЛП , Југоисточна Европа. Дипломиран етнолог и меѓународно сертифициран NLP Master Practitioner, Бизнис коуч, Холистички терапевт и Јога инструктор. Како трет гостин на настанот ќе биде Г-а Ивана Колева, основач и сопственик на брендот СЕ за РОДЕНДЕН. Прва и единствена е-продавница за купување роденденски подароци преку Интернет со достава како изненадување до назначена адреса(www.sezarodenden.mk). Организација на родендени од бајките за големи и мали деца и компании.

За време на настанот планиран е првиот саат да биде разговор со гостите успешни сопственици - претприемачи, кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, проследено со бизнис вмрежување (speeddating) и дружење.

Учесниците на бизнис кафето добиваат кафе од организаторот, нови контакти, договарање на соработка, мотивација, делење на информации и знаења, размена на искуства, стекнување на нови потенцијални клиенти и бизнис партнери, можност за освојување на интересни награди.

НЕ заборавајте со вас да понесете многу визит карти, ќе Ви бидат потребни за speeddating – от!!!

Влезниците по цена од 400 денари може да се купат онлајн на Купи карти за се.

Комплетни ионформации за Бизнис кафе Македонија погледнете на:

 https://www.facebook.com/mkbizniskafe?fref=ts