Бизнис Кафе Македонија

business cafeПрвото Бизнис Кафе Македонија ќе се одржи на 5 – ти декември во кафе бар Тренд (Центар).
Позади иницијативата Бизнис кафе Македонија стои фирмата Актива вел ДООЕЛ Скопје, која што работи врз основа на франшиза од Бизнис кафе Хрватска, која што успешно работи веќе трета година.
Бизнис кафе претставува организирано дружење на мали и средни претприемачи и на оние кои сакаат тоа да бидат со цел размена на информации, споделување на претприемачки искуства и охрабрување за започнување на сопствен бизнис. Идејата се родила читајќи ги истражувањата на една истражувачка агенција, која посочи дека 60% од договорите за соработка се договараат на кафе, а networking – от е еден од клучните алатки за успех.
Дружењето трае 3 часа во четврток од 18 до 21 часот. Саат време е резервиран за гости успешни сопственици - претприемачи, кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, проследено со бизнис вмрежување (speeddating) и дружење.
На првото Бизнис кафе Македонија ќе имаме двајца многу интересни гости. Со нас ќе бидат Кристина Ерцеговиќ сопственик на Business Café Hrvatska (www.crobusinesscafe.com/) сериски претприемач и автор (www.zaokret.com) и Коста Петров автор, ТВ продуцент, експерт за односи со јавност, основач и извршен директор на Пи Ворлд (www.thepworld.com).
Учесниците на бизнис кафето добиваат кафе од организаторот, нови контакти, договарање на соработка, мотивација, делење на информации и знаења, размена на искуства, стекнување на нови потенцијални клиенти и бизнис партнери, можност за освојување на награди.
НЕ заборавајте со вас да понесете многу визит карти, ќе Ви бидат потребни за speeddating – от!!!
Влезниците по цена од 400 денари може да се купат онлајн на Купи карти за се.
 
Комплетни ионформации за Бизнис кафе Македонија погледнете на:

www.mkbizniskafe.com или на https://www.facebook.com/mkbizniskafe/info