Business cafe #9

biznis kafe makedonijaБидете дел од 9 – тото  Бизнис Кафе Македонија кое ќе се одржи на 26 март од 18.00 часот. во  Every day (зградата на ПИОМ), на кое ќе имате можност да ги чуете искуствата за патот кон успехот од Г-динот Зоран Кочоски (сопственик и менаџер на Коузон Корпорација), Г-а Нина Ангеловска (Ко-сопственик и генерален менаџер на Grouper.mkи  Г-динот Проф. д-р Кочо Анѓушев (основач, претседател, ко – сопственик  и сопственик на фирмите: ФЕРОИНВЕСТ , БРАКО , ЕДС).

Дружењето трае 2-3 часа во четврток од 18.00 часот. Првиот час е резервиран за гостите, успешни сопственици - претприемачи, кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, проследено со бизнис вмрежување (speeddating) и дружење.
Учесниците на бизнис кафето добиваат еден пијалок (кафе,вода, сок) од организаторот, нови контакти, договарање на соработка, мотивација, делење на информации и знаења, размена на искуства, стекнување на нови потенцијални клиенти и бизнис партнери, можност за освојување на интересни награди.

НЕ заборавајте со вас да понесете многу визит карти, ќе Ви бидат потребни за speed dating – от!!!

Билети во предпродажба онлајн преку Купи Карти За Се по цена од 300 денари.