Business cafe 3

biznis kafe 3
Третото Бизнис Кафе Македонија ќе се одржи на 27 – ми март во кафе бар Бирократ ГТЦ. На третото Бизнис кафе Македонија повторно ќе имаме многу интересни гости. Со нас ќе бидат Г-ѓа Eли Пешева - новинарка по професија, магистер за комуникација и односи со јавност, во моментов на позиција директор за комуникации во маркетинг агенцијата Њу Момент и сопственичка на слаткарницата О ла ла (https://www.facebook.com/pages/O-la-la/140529089377608?fref=ts) и господата Петар Лазаров и Калин Бабушку автори, консултанти за маркетинг и брендинг, продажба и извоз и сопственици на Македонија- Експорт. Со своите 2 бренда, МАМА'С - традиционални домашни рецепти и TIP OF THE WEEK - прирачник за личен и професионален развој, направија поместување на стандардите во 2 области на работење - прехрана и издаваштво (http://www.macedonia-consulting.com/).
Дружењето трае 3 часа, во четврток од 18 до 21 часот. Еден час е резервиран за гости успешни сопственици - претприемачи, кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, проследено со бизнис вмрежување (speeddating) и дружење.
Учесниците на бизнис кафето добиваат кафе од организаторот, нови контакти, договарање на соработка, мотивација, делење на информации и знаења, размена на искуства, стекнување на нови потенцијални клиенти и бизнис партнери, можност за освојување на интересни награди.
НЕ заборавајте со вас да понесете многу визит карти, ќе Ви бидат потребни за speeddating – от!!!
Влезниците за настанот може да се купат онлајн на Купи карти за се и тоа:
1. Котизација 400 ден. или
2. Котизација 400 ден. + 100 ден. (промотивна цена ) на книгата „TIP of the week“  - мојот прирачник за личен и професионален развој.
 
Комплетни информации за Бизнис кафе Македонија погледнете на: