Бизнис Кафе Македонија #21

biznis kafe 21

На 09.02.2017 г. од 18:00 чaсот во кафе бар Мартини (Лептокарија) ќе се одржи 21-вото по ред Бизнис Кафе Македонија. 

Гости на настанот ќе бидат:  Драгана Чифлиганец - извршен менаџер во градежната компанија Адора инженеринг; Лазе Камчев - главен извршен директор на КД Фондови; Валентина Дисоска - Претседател на здружението на бизнис жени на Македонија и Благој Нацоски – најпознат македонски тенор во светот!

Дружењето трае 2-3 часа. Првиот час е резервиран за гостите, успешни сопственици - претприемачи, кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, проследено со бизнис вмрежување (speed dating) и дружење.

Учесниците на бизнис кафето добиваат ЕДЕН пијалок (кафе,вода, или сок) од организаторот, нови контакти, договарање на соработка, мотивација, делење на информации и знаења, размена на искуства, стекнување на нови потенцијални клиенти и бизнис партнери, можност за освојување на интересни награди.

НЕ заборавајте со вас да понесете многу визит карти, ќе Ви бидат потребни за speed dating – от!!!



biznis kafe 21 gosti