Business cafe #19

На 29.09.2016 г. во Nola Lounge bar (Капиштец) од 18:00 часот ќе се одржи 19-тото по ред Бизнис кафе Македонија, последно од третата сезона!

Гости на настанот ќе бидат: Г-динот Патрик Џефсон - Поручник на кралскиот викторијански ред и Поранешен Генерален Секретар на Принцезата Дијана, Г-ѓата Мери Џо Џејкоби - Поранешен претседателски советник и глобален експерт за репутација, Г- динот Лазар Џамиќ - Поранешен директор на брендот за планирање „Google ZOO Nace“ и најбараниот спикер во Македонија Г- динот Коста Петров - Автор и основач на Пи Ворлд.

Дружењето трае 2-3 часа. Првиот час е резервиран за гостите, успешни сопственици - претприемачи, кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, проследено со бизнис вмрежување (speed dating) и дружење.

Учесниците на бизнис кафето добиваат ЕДЕН пијалок (кафе,вода, или сок) од организаторот, нови контакти, договарање на соработка, мотивација, делење на информации и знаења, размена на искуства, стекнување на нови потенцијални клиенти и бизнис партнери, можност за освојување на интересни награди.

НЕ заборавајте со вас да понесете многу визит карти, ќе Ви бидат потребни за speed dating – от!!!

Билети во предпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, по цена од 300 денари.

biznis kafe makedonija