Business cafe #16
На 12.05.2016 г. во кафе бар Стоби од 18:00 часот ќе се одржи 16-тото по ред Бизнис кафе Македонија!
Гости на настанот ќе бидат: Г- динот Жарко Димитриоски - автор, извршен продуцент и креативен директор на маркетинг агенцијата и ток шоуто Еден на Еден, Г- ѓата Ангелка Пеева - Лауренчиќ - генерален директор на ImagePR и Борјан Колемишевски - Маркетинг менаџер во City Mall -Скопје
Дружењето трае 2-3 часа. Првиот час е резервиран за гостите, успешни сопственици - претприемачи, кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, проследено со бизнис вмрежување (speeddating) и дружење.
Учесниците на бизнис кафето добиваат ЕДЕН пијалок (кафе, вода, или сок) од организаторот, нови контакти, договарање на соработка, мотивација, делење на информации и знаења, размена на искуства, стекнување на нови потенцијални клиенти и бизнис партнери, можност за освојување на интересни награди.
НЕ заборавајте со вас да понесете многу визит карти, ќе Ви бидат потребни за speed dating – от!!!