Business cafe #15

На 31- ви март во кафе бар Стоби од 18:00 часот ќе се одржи 15-тото по ред Бизнис кафе Македонија.

Гости на настанот ќе бидат: Г-ѓа Ира Стефанов Бабиќ - Ко - сопственик и директор на Brand Union, Г- а Мартина Димоска - најдобар македонски студент, најмлад иновативен научник и најмлад N.A.S.A ментор за 2015 г, Г- дин Филип Ачкоски - Регионален менаџер за Македонија, Бугарија, Албанија и Косово во хрватската фармацевтска компанија PrarmaS и Г- динот Пеце Ацев - Водител и PR, co - fоunder на Рековинст АБ.

Дружењето трае 2-3 часа. Првиот час е резервиран за гостите, успешни сопственици - претприемачи, кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, проследено со бизнис вмрежување (speeddating) и дружење.

Учесниците на бизнис кафето добиваат ЕДЕН пијалок (кафе, вода или сок) од организаторот, нови контакти, договарање на соработка, мотивација, делење на информации и знаења, размена на искуства, стекнување на нови потенцијални клиенти и бизнис партнери, можност за освојување на интересни награди.

НЕ заборавајте со вас да понесете многу визит карти, ќе Ви бидат потребни за speed dating – от!!!

Билети во предпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се по цена од 300 денари.

biznis kafe makedonija