Business cafe #13
На 10 - ти декември во Public Room од 18:00 часот ќе се одржи 13-тото по ред Бизнис кафе Македонија, каде што започнуваме со третата сезона на настанот. Како што веќе најавивме, ќе имаме прекрасни гости, со интересни бизнис приказни. Не пропуштајте да ги чуете интересните бизнис искуства, како и да запознаете нови соработници!!!
Гости на настанот ќе бидат: Г- динот Бобан Апостолов - музички продуцент, композитор и ко-основач на Loops Lab Media. Во 2011 ја ко-основа Loops Lab Media, со партнерство и седиште во Лондон, а денес и во Скопје, со тим од 7 музички продуценти, инженери и креативци во областа на музичката продукција. Од 2014 e почесен член и жири на Grammy Awards, вклучува соработки со Х-Фактор Франција, Германија, The Voice, Rasing Star и други шоуа. Г-динот Тоде Буцевски - Извршен Дирктор и Основач на ГеоНет која нуди ГПС решенија за оптимизација и подобро искористување на возилата од возниот парк. Своето присуство го има во Македонија и околниот регион, а од неодамна и на Американскиот и Кенискиот пазар. Основач на tafoma.com, алатка за подобро организирање на работни задачи и обврските. Ко-сопственик на светски познатата и наградената Sportypal, фитнес апликација; Г-динот Кристијан Поповски ко - основач на SIGNORI роден и живее во Америка до својата 18 та година, има дипломирано на Staffordshire University во Англија отсек бизнис менаџмент, Има големо работно искуство во областа на бизнис и комуникација . Важи за еден млад и перспективен човек, сигурен и одговорен, иницијативен, високо комуникативен и убедлив и Г-динот Нeнад Пантовиќ - извршен директор и ко-основач на брендот SIGNORI Професионалец со големо искуство во нетворкинг,продажба и развој на маркетинг стратегии. Одлични вештини во маркетинг менаџмент, обука и развој,управување со тимот, развој на маркетинг стратегии и имплементација.
Дружењето трае 2-3 часа. Првиот час е резервиран за гостите, успешни сопственици - претприемачи, кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, проследено со бизнис вмрежување (speeddating) и дружење.
Учесниците на бизнис кафето добиваат ЕДЕН пијалок (кафе,вода, или сок) од организаторот, нови контакти, договарање на соработка, мотивација, делење на информации и знаења, размена на искуства, стекнување на нови потенцијални клиенти и бизнис партнери, можност за освојување на интересни награди.
НЕ заборавајте со вас да понесете многу визит карти, ќе Ви бидат потребни за speed dating – от!!!