Business cafe #11

biznis kafe makedonijaРаботно и активно лето за Бизнис кафе Македонија!!! 
Ви го најавуваме следното дружење 11 - то по ред
 Бизнис кафе Македонија, на 02.07. 2015 од 18:30 часот во Хотел Russia (www.hotelrussia.mk).

Запишете го датумот во вашите календари за ново дружење, мотивација и запознавање на нови потенцијални клиенти. И овој пат имаме незаменливи гости: Г- динот Хајан Селмани ( извршен директор на Хаселт), Г- ѓа Александра Дилевска ( извршен директор и ко-основач на Публицис Груп Македонија) и Г-динот Коста Петров македонскиот бест – селинг бизнис автор (основач и извршен директор на Пи Ворлд глобална креативна агенција со канцеларии во Прага, Баку и Скопје и присуство во над 30 земји во светот).  

Дружењето трае 2-3 часа во четврток од 18.30 часот. Првиот час е резервиран за гостите, успешни сопственици - претприемачи, кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, проследено со бизнис вмрежување (speeddating) и дружење.
Учесниците на бизнис кафето добиваат еден пијалок (кафе,вода, сок) од организаторот, нови контакти, договарање на соработка, мотивација, делење на информации и знаења, размена на искуства, стекнување на нови потенцијални клиенти и бизнис партнери, можност за освојување на интересни награди.

НЕ заборавајте со вас да понесете многу визит карти, ќе Ви бидат потребни за speed dating – от!!!