Business cafe #10

biznis kafe makedonija

Бидете дел од 10 – тото  Бизнис Кафе Македонија кое ќе се одржи на 26 мај од 18.00 ч. во Brooklyn Lounge Bar (поранешно Arabesque), на кое ќе имате можност даги чуете искуствата за патот кон успехот од Г-динот Филип Ивановски (директор на Пакомак), Г-а Марина Анчевска (Oсновач и генерален менаџер на Центарот за бизнис психологија – Системски НЛПи  Г-динот Роберт Чобан од Србија (Основач и претседател на медиумската куќа Color Press Group: Свет, Лепота и здравје, CKM, Браво, JOY, Auto Start, Metal Hammer, TV Novele, Alan Ford, PC Magazin, Bratz, Girl Talk...).

Дружењето трае 2-3 часа во четврток од 18.00 часот. Првиот час е резервиран за гостите, успешни сопственици - претприемачи, кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, проследено со бизнис вмрежување (speeddating) и дружење.
Учесниците на бизнис кафето добиваат еден пијалок (кафе, вода, сок) од организаторот, нови контакти, договарање на соработка, мотивација, делење на информации и знаења, размена на искуства, стекнување на нови потенцијални клиенти и бизнис партнери, можност за освојување на интересни награди.

НЕ заборавајте со вас да понесете многу визит карти, ќе Ви бидат потребни за speed dating – от!!!

Билети во предпродажба online на www.kupikartizase.com, по цена од 300 денари.