Business cafe #6
Бидете дел од 6-тото Бизнис Кафе Македонија кое ќе се одржи на 18 септември од 18.00 ч. во кафе Чао (ГТЦ), на кое ќе имате можност да чуете искуства од еден од најдобрите менаџери во Македонија г-динот Никола Љушев (Главен извршен директор на Вип оператор), од успешниот претприемач и предавач г-а Љупка Наумовска (основач на Маркетинг и ПР агенцијата Ханибиз), како и од младиот успешен ентузијаст Пеце Ацев (Водител и автор на емисијата „Кралеви на успехот“).
Дружењето трае 2-3 часа во четврток од 18.00 часот. Саат време е резервиран за гости успешни сопственици - претприемачи, кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, проследено со бизнис вмрежување (speeddating) и дружење.
Учесниците на бизнис кафето добиваат еден пијалок (кафе,вода, сок) од организаторот, нови контакти, договарање на соработка, мотивација, делење на информации и знаења, размена на искуства, стекнување на нови потенцијални клиенти и бизнис партнери, можност за освојување на интересни награди.
НЕ заборавајте со вас да понесете многу визит карти, ќе Ви бидат потребни за speeddating – от!!!
Влезниците по промотивна летна цена од 300 денари може да се купат онлајн на Купи карти за се.
Комплетни ионформации за Бизнис кафе Македонија погледнете на:
https://www.facebook.com/mkbizniskafe/info