БУРА И ПРОДОР
Театар. Шест актери. Еден телефон.
Влезете во светот на шест актери кои го чекаат својот повик.
Чекајќи го повикот, секој од нив добива шанса да се соочи и да ја раскаже својата бура.
Перформансот „Бура и продор“ се занимава исклучиво со актерската професија и со лични бури поврзани со актерството и театарот, прикажани преку разни драмски и комични ситуации, ставајќи акцент на изразувањето преку движење. „Бура и продор“ – перформанс кој говори за актерот, пред се’ – човек кој бурно се носи и бори со своето време.
Продуцент: Интернационален театрски фестивал СКУПИ
Режија: Теа Беговска
Актери: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски, Дин Ибрахим
Локација: КСП Центар ЈАДРО
Дата: 31 ви октомври
Време: 20ч
Број на карти: 60
Цена: 350 денари