БУРА И ПРОДОР 26.12

 

Театар. Шест актери. Еден телефон. Влезете во светот на шест актери кои го чекаат својот повик.

Чекајќи го повикот, секој од нив добива шанса да се соочи и да ја раскаже својата бура.

Перформансот „Бура и продор“ се занимава исклучиво со актерската професија и со лични бури поврзани со актерството и театарот, прикажани преку разни драмски и комични ситуации, ставајќи акцент на изразувањето преку движење.

„Бура и продор“ – перформанс кој говори за актерот, пред се’ – човек кој бурно се носи и бори со своето време.

 

 

Продуцент: Интернационален театрски фестивал СКУПИ

Режија: Теа Беговска

Актери: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски, Дин Ибрахим

 

Локација: КСП Центар ЈАДРО

Дата:26.12..2023

Време: 20ч

 

Цена: 350 денари