Black Sabbath

Koncert na Black sabbath, vo BeogradПочитувани, сакаме да ве информираме дека конечно е потврдена широката листа на бендови кои ќе настапат на големиот рок и метал фестивал, кој ќе се одржи на 28ми Јуни на Ушче-Белград.

Поради тешката болест на гитаристот Tony Iommi, групата Black Sabbath, не можеше да ја одржи својата Европска турнеја и во сите предвидени термини и градови на европската турнеја ќе настапи супер групата “Ozzy Osbourne&Friends”, која покрај легенданиот пејач, ја сочинуваат басистот Geezer Butler и гитаристот Zakk Wylde. Специјален гостин на Ozzy, со кого ќе исполнат дел од најдобрите песни на Black Sabbat, е култниот гитарист Slash! 

Пред самиот настап на Ozzy Osbourne&Friens, публиката ќе има шанса да го гледа еден од најзначајните rock бендови на сите времиња ”The Cult” .

За прв пат во Белград, доаѓа и целиот бенд на гитаристот Zakk Wylde - “Black Label Society” кој долги години е на врвот на желбите на рок и метал фановите на овие простори.

Пред нив, фестивалската публика ќе има можност да го гледа настапот на фамозната британска група ”Paradise Lost” која со своите дванаесет албуми и одличните настапи во регионот, веќе стекна огромен број на верни фанови.

Исто така за прв пат во Белград пристигнува и големата ”black metal” атракција ” Satyricon ”. Еден од најпопуларните норвешки бендови позади кој стои две децениска кариера и седум студиски албуми.

Честа да го отворат целовечерниот спектакл, на наше големо задоволство, им припадна на еден од најголемите регионални метал бендови “нашите” - “Санаториум

Влезниците на концертот се поделени во 3 категории

Партер 2 - 1800 денари

Партер 1 - 2100 денари

Golden Circle - 2700 денари

Сите оние фанови кои веќе имаат купено влезници за концертот на “Black Sabbath” ги информираме дека истите важат и за фестивалот со категоријата која ја имаат. Оние фанови кои купиле карти, а не сакаат да го гледааат “Ozzy Osbourne&Friends” фестивалот, можат да направат поврат на своите пари, на продажните места каде што ги набавиле влезниците!