Billy Idol
Со големо задоволство Ве информираме, дека на 27 ми Јуни 2014 година, со почеток во 20:00 часот на Скопско Кале open air ... со целовечерен концерт ... во Скопје доаѓа човекот кој пред 4 години го одржа најдобриот rock& roll концерт во Скопје на сите времиња. Големиот мајстор, човекот ѕвер, човекот кој има повеќе хитови и големи песни отколку што некои други имаат било какви песни воопшто ... Billy fucking Idol!
Човекот кој во живо секогаш се дава 200 % од себе, доаѓа во Скопје во склоп на својата европска Greatest Hits турнеја, а се разбира дека во бендот ќе биде придружуван од навистина генијалниот гитарист Steve Stevens.
Влезниците ќе бидат во продажба од среда - 12 Март по цена од 1000 денари што во странска противвредност изнесува колу 16 евра.
Во продажба ќе бидат пуштени и лимитиран број на влезници за Фан Пит - само 1000 и ВИП - само 500 влезници.
За специјалните гости на Billy Idol ќе бидете накнадно известени.
Билетите во продажба преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com.