Beltango
Концерт на Белтанго квинтет и прва Гран Милонга во Македонија
18 Септември 2012, Вторник
МКЦ, Клуб&Ресторан
почеток 20:30 часот
Белтанго квинтет, еден од првите десет светски признаени танго ансамбли ја започна својата турнеја на 2 Септември во Будимпешта и продолжува да настапува во Словенија, Грција, Македонија, Малта, Италија, Франција, Германија, Швајцарија и Хрватска.
Љубителите на танго музиката ќе имаат извонредна можност да уживаат на концертот на Белтанго квинтет:
Александар Николиќ - бандонеон,
Ивана Николиќ - пијано и вокал
Јован Богосавлевиќ - виолина
Богдан Пејиќ - електрична гитара
Љубинко Лазиќ - контра бас
Во своите настапи, Beltango, се обидуваат да и го претстават на публиката изобилството што владее во репертоарот на тангото. Од Tango tradicional, како и композициите на tango-nuevo на Astor Piazzolla во делот Piazzollando, до сопствените композиции и аранжмани во кои е вклучена и балканската музика измешана со танго звуците, и како таква наречена, Balkango.
Во зависност од можностите и условите, Beltango quinteto, се подеднакво успешни во своите настапи, без разлика дали настапуваат во голема концертна сала, фестивал на отворено, театарска сцена, танго или џез клубови или други ексклузивни сали. Со својата музика, каде и да настапуваат, духот на Буенос Аирес оживува.
Билети преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, по цена од 300 денари.