beauty expo 2023

“BEAUTY EXPO ’23 “ - Првиот саем за козметика,коса и естетика во Македонија  ќе се одржи од 12-14 мај 2023 година во Хотел Лимак, Скопје.


На саемот ги покануваме сите козметичари, фризери и естетичари како и секој краен потрошувач кој сака да се информира или набави производи за домашна, лична употреба по промотивни цени и саемски попусти.

Со посета на овој саем ќе имате можност да ги видите и да се запознаете со сите новитети на пазарот и beauty индустријата согласно 2023 година.
Ќе имате можнст да присуствувате на Public Spot едукативни презентации, да набавувате производи по промотивни цени и саемски попусти, да уживате во богата, едукативна и забавна програма ќе биде покриена со водителка – домаќин Миа Костова.

Препаративна козметика за нега на кожа и за професионална и домашна употреба;
Препаративна козметика за нега на коса за професионална и домашна употреба
Производи за нега на раце и стапала, педикир, маникир
Опрема за салони за убавина (козметички,фризерски,wellness и спа центри)
 Wellness производи
Декоративна козметика
Парфеми
Фармацевтски производи
Диетски суплементи
Естетски ординации
Дерматолошки ординации
Школи и едукативни центри за нега и убавина

Дополнително ова е одлична можност за стекнување на знаење за производи и третмани преку бесплатни презентации и обуки.

ДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ И ПРОГРАМА
Петок -12.05.2023
Саемот ќе се отвори во петок во 17ч за посетители.
Во 20ч ќе има официјално отварање со богата програма.

Сабота-13.05.2023
Саемот се отвара за посетители во 09ч - се затвара во 21ч.

Недела-14.05.2023
Саемот се отвара за посетители во 09ч. - се затвара во 20ч.

Секоја од купените влезници може да се искористи за еднократна посета на саемот.

Секако, ова е одлична можност и за оние посетители кои сакаат да набават производи за лична употреба, да се информираат и да ја подобрат својата лична рутина за убавина.