Beatrix Dance League
Неверојатно танчерско доживување!
БИТРИКС ТАНЦОВА ЛИГА, проектот кој е најголем проект за танц во Македонија и е единствена можност за размена на знаење, искуство, емоции и пријателство, оваа година ќе ја доживее својата трета реализација и тоа со СПЕКТАКУЛАРНА ПРОГРАМА и МНОГУ ИЗНЕНАДУВАЊА!
Битрикс Танцовата Лига е проект наменет да им помогне на најдобрите танчерите од нашите простори во надоградување на нивното знаење, а и да им даде шанса да се изборат за главната награда: СПОНЗОРСТВО ЗА ТАНЦОВ КАМП по нивен избор. Оваа година овој проект ќе се состои од неколку дела: GRAND OPENING BATTLE, Танцова Лига, Специјални работилници со реномирани кореографи од странство, MC'ing Battle и Beat-Making Battle, како и останати забави и активности кои ќе бидат вметнати во програмата.
Големото финале ќе се одржи на 03 декември, во Кино Култура, со почеток во 21 часот.
Билети во предпродажба по цена од 150 денари.