Балкан Стенд Ап ви го претставува Марјан Ѓорѓиевски (нов стенд ап)

Балкан Стенд Ап продолжува со организација на најквалитетните стенд ап евенти во Македонија - На 11 мај во 22 часот, повторно во дискотеката 69, по кратка пауза свое големо враќање на стенд ап сцената ќе има најжешкото име кај нас - Марјан Ѓоргиевски!

Подготвен е СОСЕМА НОВ ЦЕЛОВЕЧЕРЕН МАТЕРИЈАЛ со кој преку многу смеа ќе се одговори на прашањето што правеше Марјан во меѓувреме.

Проектот е под генерално покровителтсво на HTC, а истиот е помогнат од Ljubljanske Mlekarne.

HTC и Балкан Стенд Ап подготвија изненадување и подарок за еден среќен фан на фејсбук страните на Балкан Стенд Ап и Еден на Еден (facebook.com/edennaeden, facebook.com/Balkan.standup).

Деталите се на самите страни, а подарокот е смартфонот HTC ONE V!

Facebook евент  http://www.facebook.com/events/416214371735794/