Бал на различности

humanitaren balЈа имаме таа чест и задоволство да Ве поканиме на првиот БАЛ НА РАЗЛИЧНОСТИ, во организација на Здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби "ДАЈТЕ НИ КРИЛЈА" – Скопје, кој ќе се одржи на 6-ти Март, во 18.30 ч. во Македонска Опера и Балет.

Поентата на овој настан да ги вклучиме во секој сегмент од настанот лицата со посебни потреби и барем за кратко да помогнеме во подигнувањето и менувањето на свесноста кај луѓето, а воедно на сцената јавно ќе имаме можност да им се заблагодариме на сите пријатели, помагатели на здружението во изминатиов период.

Настанот ќе биде поделен во два дела – програмски и ревијален (голема сцена и фоаје на МОБ). Целиот настан има инклузивна карактеристика во партнесрство со МОБ. Во програмата ќе бидат застапени врвни солисти на МОБ, но и мошне талентирани лица со посебни потреби кои ќе ви приредат дво часовно незаборавно искуство. Програмата ќе биде збогатена со инклузивна ревија подготвена од модната куќа Елена Лука, презентирана од успешни жени од повеќе сфери и лица со посебни потреби, а и дечиња. Водители на настанот и креатори на комеди шоу ќе бидат Сашко Коцев и Гораст Цветковски со кои ќе бидат инклузирани и две лица со посебни потреби.

Во ревијалниот дел, во фоајето ќе има изложба од познати сликари, но и од деца со посебни потреби. Сликите ќе се продаваат, но овој пат секој кој ќе купи слика ќе добие подарок кој го обезбеди здружението со помош на пријателите на здружението. Изложбата ќе биде збогатена со џез музика - Тони Китановски, поезија и коктел. Покровител на изложбата ќе биде НЛБ Тутунска Банка и во соработка со нив предходно на 25-ти Фебруари, во нивнот изложбен салон во главната зграда на банката ќе биде отворена поставката од 40-тина слики, која што понатаму ќе се изложи во фоајето на МОБ.

Сите средства ќе бидат наменети за тековните, а и идни активности кои ги има нашето здружение, а можете да се информирате и на нашиот сајт  www.dajtenikrilja.mk