BABY RAVE vol.3
Ајде да рејваме! Baby Rave е журка за бебиња и деца до 8 години, во придружба на возрасни (постари сестричиња, братчиња и другарчиња се исто така добредојдени).
Baby Rave е „денска“ журка со разиграна клубска атмосфера, разнобојни декорации и електронска музика прилагодена на нежните детски сетила.
Дојдете ни да се забавуваме и заедно да танцуваме. Ве очекуваме на подиум! За време на Baby Ravе: # Секое дете треба да биде придружувано од возрасен # Возрасните се одговорни за своите деца # На подиумот децата и возрасните танцуваат заедно # Јачината на музиката е прилагодена и потивка од вообичаените забави # Очекувајте разнобојни светла (и декорации) # Капацитетите за седење со ограничени # Групи сочинети само од возрасни лица не можат да присуствуваат
Цена на билет 150 МКД за возрасните, а влезот за бебиња и деца е слободен. Продажба на билети онлајн преку kupikartizase.com