Авто конвој - Будимпешта 2015
АВТО-КОНВОЈ БУДИМПЕШТА – ВЕЛИГДЕН 2015
1 ден: 09.04.2015, четвртокСостанок на членовите на групата на однапред договорено зборно место во Куманово во 22 часот. Заедничко преминување на Граничниот премин Табановце и ноќно возење преку Србија со попатни контролни паузи на Мотел Предејане, Бензинска станица ОМВ пред Белград и Бензинска пумпа пред Граничниот премин Хоргош. Заеднички премин на Српско-Унгарската граница. Продолжување на патот кон Будимпешта со контролна пауза на бензинска ОМВ на 35 км пред Будимпешта..
2 ден: 10.04.2015, петок
Пристигнување во Будимпешта околу 10 часот наутро... Слободно време во Центарот на градот (промена на пари, (1 евро = 300 форинти), појадок, прошетка, релаксација од патот). Сместување во хотелот ХУНОР во 13.30 часот. Одмор до 17.30. Заеднички излез за разглед на знаменитостите: Стар Будим со Кралската палата, Тврдината Цитадела, Градскиот парк со Плоштадот на хероите и Споменикот на милениумот. Слободна вечер. Ноќевање.
3 ден: 11.04.2015, сабота
Појадок во хотелот. Заедничка посета на гратчето Сент Едре (12 км од хотелот). Потоа преминување во Центарот на Будимпешта (улица Ваци и Ракоци), прошетка по кејот на Дунав, разгледување на мостовите Ержебет, Ланцин и Маргаритин... Можност за разделување на групата по сопствени вкусови, на пример кон Градскиот парк со посета на Зоолошката градина и забавниот Луна Парк и постојаниот Циркус или кон Маргаритиниот остров, познато рекреативно место на градот со евентуална посета на природниот термален Спа центар на отворено. Поладне од 18 до 19.30 можност за прошетка со Брод по Дунав (факултативно, цена 15 евра по лице. Во вечерните часови прошетка по Центарот, можност за заедничка посета на национален ресторан (факултативно), а во доцните предполноќни часови, можност за заедничка посета на оригинилна Велигденска процесија во една од ретките Православни цркви во Будимпешта, црквата Св.Ѓорги во Централното подрачје.... Ноќевање.
4 ден: 12.04.2015, недела
Појадок. Напуштање на хотелот во 11 часот. Преостанатото време до заминување кон дома е резервирано за посета на шопинг центрите Вест Енд и Арена, како и некое од местата по сопствен избор. Собир на групата во 17 часот кај Споменикот на Милениумот и заедничко поаѓање кон дома со попатни паузи на истите пунктови. Пристигнување во Македонија околу 5 часот наутро.
..............................................................................................................................................................................................
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 2400 MКД ПО ЛИЦЕ
(цената опфаќа 2 ноќевања во 2 или 3 креветна соба со појадок во хотел ХУНОР ***, бесплатен паркинг во кругот на хотелот, организација на патувањето)
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- трошоци за патувањето со сопствено патничко возило: гориво за околу 2000 км, патарина низ Србија околу 30 евра, винетка за Унгарија 15 евра, по некој паркинг во Центарот на Будипешта или на локалитетите 1-2 евра (доколку нема места на бесплатните), факултативните посети, меѓународно патничко осигурување 200 денари.
*Цена за лице во сингл-соба е 4000 денари
*деца од 0 до 5 години што не користат кревет и појадок = 0 денари
*деца од 5 до 11 години 1800 денари
Резервации и информации преку Купи Карти За Се и Литиум Глобус Травел, на 02 55 14 300 или info@globus.com.mk
Билетите се достапни исклучиво во продажните места на ККЗС кои поседуваат туристичка лиценца
(Скопје: Пола Југотон - ГТЦ кат, ТА Савана Скопје - Продажно место City Mall, ТА Савана Скопје - Продажно место Центар, Atlantis Скопје, Прилеп: Atlantis, Битола: Globus Travel Servis, Atlantis, Охрид: Туристичка Агенција „Вис Пој", Atlantis, Куманово: Joco Turs T. A., Струмица: Atlantis Струмица, Штип: Eurotours, Тетово: Патник - Вокер, Гевгелија: Дори Травел)