Есенски Музички Свечености

karsu domnezДирекцијата за култура и уметност – Скопје и Институтот Јунус Емре - Турски Културен Центар - Скопје, со гордост ви го најавуваат претстојниот концерт кој ќе се одржи во Дом на Арм, на 4 ноември со почеток во 20 часот, а на кој ќе настапи Карсу Донмез, на пијано и вокал. Тапани: Дејви Енди Хенкет. Бас Гитара: Март Џенинга. Гитара: Улрих де Јесус. Труба: Рендел Хеј. Тромбон: Eфе Ердем.
Карсу Донмез е прекрасен пејач, пијанист, аранжер и композитор. Родена е во Холандија, а по потекло е од Турција. Таа е посебен, импресивен и моќен пијанист, со прекрасни и весели композиции и со енергичниот изглед за кратко време ја освојува меѓународната сцена и станува една од омилените уметници.
Нејзината музика збогатена со џез, фанк, соул, блуз и реге музика е примена со овации на многу места во светот. Conffesion (2012) е нејзиниот прв студиски албум, нејзиниот последен албум Colors е издаден 2015. Двата албума се нејзино комплетно авторство. Во 2015-та во Холандија е признаена како една од 10-те највлијателни турски имиња во последните 50 години. Оваа година, Карсу е првиот турски уметник добитник на најпрестижните музички награди Едисон Џез/Свет 2016 Холандија.

Билети во предпродажба во музичката продавница Пола Југотон, ГТЦ 1 кат, по цена од 300 денари.