4-та донаторска аукција на чоколадо

Придружете ни се и донирајте!

Четвртата аукција на чоколадо насловена како „Чоколаден спектар“ ќе се одржи на 12 декември во Парк хотел и Спа, ресторан Фор, каде гостите ќе можат да уживаат во вечер на која ќе се слават вкусовите и убавината на живеење, а при тоа ќе можат да ја искажат и својата хуманост наддавајќи се за слатките, магични експонати кои ќе бидат понудени на аукцијата. Сите собрани средства оваа година ќе бидат донирани за стартување на првиот во регионот Центар за аутизам во склоп на Фондацијата СТЕМ Академија. Овој центар ќе биде единствен од таков вид во Македонија и во поширокиот регион со специјална стандардизирана програма за аутизам на Lego Education. Наша желба е преку лансирање на центарот и обезбедените донации да овозможиме, во соработка со стручни лица, рана детекција и едукација на родителите како и минимални трошоци за семејствата. Токму затоа, во рамките на нашиот проект, наша желба и мисија е за овие деца да обезбедиме што повеќе донации со што би им помогнале во подобрување на нивните социјални вештини.

По трите успешно реализирани аукции на чоколадо во 2009, 2010 и 2012 година,  и три големи хуманитарни проекти реализирани во Институтот за белодробни заболувања Козле, во Заводот за физикална медицина и рехабилитација, Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид  “Димитар Влахов” од Скопје, Здружението на граѓани ПОЗИТИВО и онаа година ќе ја организира оваа единствена и оригинална манифестација. Со гордост најавуваме дека оваа година наш партнер ќе биде Фондацијата СТЕМ Академија.

Очекуваме и оваа година да имаме интересна и оригинална музичка програма која ќе треба да кулминира со незаборавна забава.

Здружение на граѓани ПОЗИТИВО