WAKO PRO – ARENA FIGHT NIGHTS

Професионалниот кик бокс турнир „WAKO PRO – ARENA FIGHT NIGHTS“ во организација на Кикбокс Маитаи Федерација на Македонија ќе се одржи во прекрасната спортска сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, во петок на 26.04.2024 година во 19 часот.

Главниот натпревар на вечерта ќе биде за титулата професионален светски првак на WAKO PRO организација во дисциплината К1 RULES, во која актуелниот светски и европски ВАКО аматерски шампион и добитник на највисокото спортско признание во Република Македонија, спортист на годината 2023 Бобан Илиоски ќе се соочи со актуелен светски шампион на WAKO PRO во дисциплината K1 RULES од Турција – Берк Дузенли (Berk Düzenli).

Исто така, на еден од мечевите ќе настапи и нашиот трикратен светски и европски шампион Димитар Ѓорѓиев, кој во оваа прилика ќе настапи како предборба на главниот професионален WAKO PRO меч.

Покрај овие две борби, на истиот настан ќе има и уште седум други мечеви во машка и женска конкуренција, на кои настап ќе земат атрактивни борци од нашата земја и нивните противници кои се актуелни шампиони од официјалните ВАКО првенства.

Цена на карта 350 денари -  А1, А2, А6

ВИП карти 600 денари

На 26.04.2024 билетарата во СЦ Јане Сандански ќе работи од 11.00 часот