Ареа
На градов му недостасуваа квалитетни концерти, со ЕЛЕМЕНТАЛ Sun production го скршија мразот...
На особено задоволство на прогресивната и урбана популација во месецот што ја носи пролетта Ви ги најавуваат единствените и неповторливи АРЕА со концертен настап на најурбаната сцена...
Во сабота на 26 март во еден глас ќе се пеат безвременските: „Колку ми значиш“ „Сите мои слики“ „Дозволи ми“ „Нешто недостасува“ и сите други хитови на еден од најдобрите македонски бендови!!!
Сабота 26 март
Клуб ХАВАНА (дом на градежници Скопје)
Старт: 23:00 (вратите на клубот се отвораат во 23:00 часот, музичката програма започнува од 23:30, додека пак настапот на АРЕА е предвиден да започне 30 минути после полноќ).
Влезници во претпродажба во строго ограничен број и по супер промотивна почетна цена од 250 денари преку продажната мрежа на Купи Карти За Се.