АРЕА - ОТКАЖАН
Иако со голем ентузијазам влеговме во овој проект, со големо жалење сакаме да Ве информираме дека концертот е откажан.
По многу месеци тишина сакавме да го скршиме мразот со концерт на еден од најдобрите македонски бендови на локација каде најдобро би можеле да ги имплементираме протоколите. Но целокупната атмосфера овие денови не натера да ја донесеме оваа одлука. Во никој случај и од никого не би сакале да бидеме посочени ниту како најмал чинител за продлабочување на здравствената криза. А исто така и неповолната временска прогноза е причина плус за оваа одлука.
Сакаме да Ви се заблагодариме на сите за големиот интерес, и голема благодарност до бендот за разбирањето.
Сите купени билети ќе може да ги вратите од продажните места од кои сте ги купиле. За онлајн билетите потребно е само да испратите маил со барање за рефундација на contact@kupikartizase.com и од таму ќе добиете повратен одговор за рефундација на средствата.
Се извинуваме ако ради откажувањето ги нарушивме Вашите планови, но ве замолуваме за разбирање. Се надеваме дека во скоро време повторно ќе се дружиме.
Со Почит,
Sun Production
Sun Production
Во ова време невреме после месеци тишина ние решивме дека заедно со вас треба во еден глас да ги пееме безвременските: „Колку ми значиш“ „Сите мои слики“ „Дозволи ми“ „Нешто недостасува“ и сите други хитови на еден од најдобрите македонски бендови!!!
Ви најавуваме целовечерен концерт на АРЕА!!!
Денот е четврток 6 август со почеток во 22:00 часот на една од најдобрите концертни локации во Македонија, Античкиот театар во Охрид.
Влезниците се во строго ограничен број во ЈУГОТОН, Плоштад во Охрид и сите продажни места на www.kupikartizase.com продажната мрежа.
Секој посетител е должен да ги почитува протоколите пропишани од владата и комисијата за заразни болести и задолжително е носење на заштитна опрема маска.