Априлилили
По сензационалниот "Умри мушки" спектакл, македонската станд ап репрезентација се враќа на местото на "злосторот", во Универзалната сала за да го направи новиот настан за паметење.
Со новиот спектакл македонската стенд ап репрезентација, составена од: дивата на македонскиот стенд ап Весна Бејби Петрушевска, незгодниот и неверојатно храбриот Сашо Тасевски, наследникот на Коцев-смешниот човек Бојан Велевски и најкомплетниот стен ап комичар Никола Тодоровски, ќе јуриша кон нов рекорд во смеење на скопската публика.
Под слоганот "Доста ве лажеа, време е да им се насмеете у очи" , Април во Скопје ќе биде освежен со огромни количини на громогласно смеење.
А ако смеењето е пола здравје, тогаш смеењето со Стенд ап Македонија, дефинитивно е цело!!!
Билети во продажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, по цена од 250 денари.