Антигона и Креонт

Кино Култура - Театар на Навигаторот Цветко

Антигона и Креонт

според Антигона на Софокле, Антигона на Жан Ануј и Креонтовата Антигона на Миро Гавран

antigona i kreontАдаптација: Нела Витошевиќ и Ивана Нелковска
Режија: Нела Витошевиќ
Играат: Симона Димковска, Ивана Павлаковиќ, Наталија Теодосиева, Зоран Љутков, Благој Веселинов, Стефан Вујисиќ
Сценографија: Васил Христов
Костимографија: Розе Трајчевска
Избор на музика: Нела Витошевиќ и Васил Христов
Мајстор на звук: Виктор Андоновски
Дизајн на плакат: Филип Унковски

Датум на изведба: 19.10.2016
Место: Кино Култура
Почеток: 20:00 часот
Цена на карта: 250 ден.

За претставата:

Античката драма како мисла и содржина претставува одраз на едно време но и антиципација на општествените процеси, теми, состојби на духот што следат по нејзиното појавување. Ги содржи најемотивните и истовремено најбруталните теми. Ги отвора и сите табуа од кога постои човекот. Ваквиот тематски дијапазон ја прави секогаш актуелна, секогаш точна и препознатлива во секое време. Човечките проблеми се вечни и исти секаде во светот, се менуваат само околностите во кои тие доаѓаат до израз.

Ваква универзалност носи античката драма Антигона на Софокле, но и оние современите, Антигона на Жан Ануј и Креонтовата Антигона на Миро Гавран. Во сите три дела главна тема е онаа на бoрбата помеѓу отпорот и власта, прикажани преку индивидуалната воља и борба за правда на младата Антигона наспроти автократското владеење на нејзиниот вујко Креонт. Ваквите антички теми отсекогаш биле и се вечна инспирација за секој автор на „новото време“. Постојат само различни толкувања на нивната вистина кои остануваат до крај нерајзаснети во секое ново време и во секој нов вредносен систем. Оттука произлезе и идејата да се направи адаптација, составена од овие три текста која ќе го истражува односот само помеѓу овие два лика. Затоа во фокусот на оваа претстава, погледната од ова ново време, се соочуваат три различни Антигони со тројца различни Креонти, ставени под три различни околности, но со еден ист безвременски проблем – апсолутната моќ на владетелот наспроти слободата на поединецот.