Аманет Фестивал
Почитувани,
Ве известуваме дека последната фестивалска журка која требаше да се одржи на 03 август, на локацијата Долни Сарај е откажана.
Сите оние кои имаат купено билети за истата, можат да направат поврат на средствата на продажните места од каде ги купиле истите. Оние кои купиле онлајн билети ќе добијат известување за успешна рефундација веќе од понеделник на емаил адресите на кои се регистрирани нивните кориснички профили на ККЗС.
Оние кои купиле блок билети, разликата во цената можат да ја побараат на продажното место на ККЗС во Охрид, на самиот плоштад.
Со почит,
ККЗС
Драги пријатели ова лето се раѓа Amanet Festival!!!
Нашите планови и амбиции се да прерасне во фестивал кој ќе биде препознатлив белег на македонската урбана и прогресивна сцена, градот Охрид и Македонија!!!
Како значаен дел од глобалните светски трендови на целосно музичко доживување се потрудивме да понудиме ексклузивна, квалитетна и фестивалска програма.
Сеопфатен настан кој за првпат се случува кај нас...
Петок 26 јули 2019
Специјален гостин:
MATTHEW DEKAY
локација: Плажа Градиште 2
старт: 22:00 часот
Почетна цена за еднодневна влезница 500 денари
============================================
Сабота 27 јули 2019
Дневна журка на плажата Градиште 2 со одлична програма, пооддржана од домашните дј херои!!!
локација: Плажа Градиште 2
старт: 12:00 часот
Влез слободен
============================================
Сабота 27 јули 2019
BOAT PRE PARTY
локација: Брод „Галеб“
старт: 19:00 часот
Почетна цена за влезница за журката на брод со која добивате и влезница за журката со NIC FANCIULLI 1 300 денари (овие влезници се во строго ограничен број поради ограничениот капацитет на бродот)
* бродот ќе исплови од пристаништето во Охрид во 19 часот, а некаде пред полноќ ќе пристигне на плажата во Градиште каде ќе се случува журката со NIC FANCIULLI.
============================================
Сабота 27 јули 2019
Специјален гостин
NIC FANCIULLI
локација: Плажа Градиште 2
старт: 22:00 часот
Почетна цена за еднодневна влезница 600 денари
============================================
Недела 28 јули 2019
Дневна журка на плажата Градиште 2 со одлична програма, пооддржана од домашните дј херои!!!
локација: Плажа Градиште 2
старт: 12:00 часот
Влез слободен
============================================
Четврток 1 август 2019
BOAT PRE PARTY
локација: Брод „Галеб“
старт: 19:00 часот
Почетна цена за влезница за журката на брод со која добивате и влезница за журката со ARTBAT 1 500 денари (овие влезници се во строго ограничен број поради ограничениот капацитет на бродот)
* бродот ќе исплови од пристаништето во Охрид во 19 часот, а некаде пред полноќ ќе пристигне на плажата во Градиште каде ќе се случува журката со ARTBAT.
============================================
Четврток 1 август 2019
Специјални гости:
ARTBAT
локација: Плажа Градиште 2
старт: 22:00 часот
Почетна цена за еднодневна влезница 700 денари, потоа цената на билетите ќе изнесува 800 денари.
============================================
Сабота 3 август 2019
OHRID SUNset Party
Фестивалот го затвараме на локацијата со најдобар поглед, дефинитивно една од најексклузивните и уникатни локации на која за прпват ќе се одржи настан од ваков вид!!!
локација: „ДОЛНИ САРАЈ“
старт: 19:00 часот
Почетна цена за еднодневна влезница 500 денари
============================================
Цени за блок влезници:
26 + 27 јули = 900 денари
26 + 27 јули + 1 август = 1 500 денари
26 + 27 јули + 1 + 3 август = 1 800 денари
НАПОМЕНА!
Блок влезниците не важат за BOATH PRE PARTY настаните!
Повеќе инфо за понудата и цените на вип влезници, вип пакети и резервации ќе информираме наскоро!!!
Сите типови на влезници ќе може да си ги набавите во сите продажни места на www.kupikartizasе.com мрежата ширум републикава, онлајн и на продажните места на плоштадот во Охрид.
Програмата со домашните изведувачи сеуште не е затворена и истата ќе ја објавиме дополнително.
Следете ги нашите активности за сите дополнителни новости и информации.