ALL YOU NEED IS LOVE

ALL YOU NEED IS LOVE ДЕН ВО СКОПЈЕ!

ЗА ПРВ ПАТ НА ЕДНО МЕСТО, ВО ИСТО ВРЕМЕ БАЈАГА И ИНСТРУКТОРИ, ПРЉАВО КАЗАЛИШТЕ И АРЕА!

all you need is loveПосле големиот концерт на Ian Gillan- вечер на Deep Purple со Македонската Филхармонија, големо задоволство ни е да Ви го претставиме својот последен проект со кој Авалон Продукција ја затвора историската 2016-та година во Македонија.

После толку многу светски имиња и светски концерти во Скопје, оваа година се одлучивме за прв пат на едно место за крај да го собереме најдоброто во областа на поп рок музиката во последниве 20-тина години, и тоа ни помалку ни повеќе, со три целовечерни концерти на едно место- на Бајага и Инструктори, Прљаво Казалиште и Ареа- имиња кои го претставуваат најдоброто во својата област, во земјите од кои доаѓаат.

Сите три бенда ќе настапат со целовечерни концерти од по 90 минути.

За задоволството на канцеларијата на Авалон Продукција, на нашите семејства и пријатели да биде комплетно, се потрудивме оваа вечер да има специјално отворање во вид на најдоброто од Екатарина Велика, со проектот Deca iz vode/ EKV Tribute band project.

Со настапот на овој бенд, манифестацијата ќе трае минимум 6 часа и ќе биде едно комплетно бегање од реалноста за сите нас, на 3ти декември 2016-та година во Вип Арената.

Влезниците за овој концертен спектакл ќе бидат пуштени во продажба во петок (23.09.2016), точно во 09 часот наутро, на сите продажни места на Купи Карти За Се и онлајн, по следниве цени и категории:

all you need is love mapa600 денари- ПАРТЕР

800 денари- ФАН ПИТ (само 1000 билети во продажба)

700 денари- SILVER SEATS

800 денари- GOLDEN SEATS

990 денари- ВИП

ВИП резевација висока маса + Smirnoff -
6000 денари

ВИП резевација висока маса + Jhonny Walker - 7000 денари

ВИП резевација висока маса + J&B - 7000 денари

(Вип резервациите можете да ги купите само на продажните места на ККЗС)

Трети декември ќе биде идеална вечер да се соберат сите генерации на едно место, за да го видат и да го слушнат најдоброто од регионот.

БАЈАГА и ИНСТРУКТОРИ, ПРЉАВО КАЗАЛИШТЕ, АРЕА И DECA IZ VODE на едно место, Вип Арена „Борис Трајковски“- Скопје! Не пропуштајте!

 

 

Купи Карти За Се забранува било какви превземања на текстови и слики од оваа веб страна.
Сите превземања кои се без дозвола на Купи Карти За Се, ќе се сметаат за нелегални и
ќе бидат предмет на соодветна легална процедура!