Aлександар Књазев
Aлександар Књазев – виолончело, Русија
Црква Св.Софија, 01.08.2018, 21:00 ч.
Цена на билет: 400 Денари
Лауреатот на бројни интернационални натпревари, русинот Александар Књазев е еден од најдобрите виолончелисти на денешницата. Неговите настапи низ светот постојано добиваат одобрувања од публиката и критиката. Роден е во Москва каде и го започнува изучувањето на инструментот виолончело на шест-годишна возраст под менторство на Александар Федорченко. Дипломира на Конзерваториумот во Москва во 1986 година, а потоа своите студии ги продолжува на Конзерваториумот во Нижни-Новгород, таму 5 години подоцна дипломира на одделот по оргули во класата на познатата Галина Козлова. Соработувал со извонредни диригенти – Евгени Светланов, Јури Темирканов, Мстислав Ростропович, Владимир Федосејев, Јури Башмет, Максим Шостакович и Ними Јарви. На полето на камерната музика негови партнери биле познатите руски имиња – виолинистот Вадим Репин, пијанистот Николај Лугански, виолинистот Виктор Третјаков, пијанистот Борис Березовски и многу други изведувачи од целиот свет. Покрај изведувачката дејност, Књажев се занимава и со образовна дејност. Имено, тој е професор на Конзерваториумот во Москва, а редовно одржува и мајсторски-курсеви во Европа и Азија. Неговата дискографија вклучува снимки со Борис Березовски, Дмитри Мактин, Николај Лугански, Филхармонискиот оркестар на Санкт Петерсбург, изведувајќи ги притоа некои од најзначајните дела од литературата наменета за виолончело од композиторите: Јохан Себастијан – Бах, Едвард Елгар, Сергеј Рахманинов, Фредерик Шопен и др.
Програма:
Јохан Себастијан Бах (1685-1750): Суита бр. 2 d -moll BWV 1008
Prélude
Allemande
Courante
Sarabande
Menuett
Menuett
Gigue
Суита бр. 3 D – dur, BWV 1068
Ouverture
Air
Gavotte
Gavotte
Bourrée
Gigue
Суита бр. 5 c -moll, BWV 1011
Prélude
Allemande
Courante
Sarabande
Gavotte
Gavotte
Gigue