aleksandra radovic

Големата музичка ѕвезда АЛЕКСАНДРА РАДОВИЌ со ЕКСКЛУЗИВЕН празничен концерт за 8. Март во ЦАР САМУИЛ!

Да уживаме во единствениот музички перформанс на извонредната Александра Радовиќ и заедно да наздравиме за Денот на жената, во совршениот амбиент на ЦАР САМУИЛ.

Јавноста ја знае Радовиќ како вистинска дама која што својата успешна кариера ја постигна благодарение на своите вокални способности, моќниот перформанс и големиот број на хитови.

Покрај огромниот успех и 20 години долгата кариера, таа важи за скромна и својот приватен живот го држи подалеку од јавноста, но со драго срце и силни емоции на фановите им ја подарува нејзината музика.

Бидете и вие дел од оваа забава на која заедно ќе ги запееме Ljubavi moja, Ziveo kraj, Proslo me je, Ne hvala, Beskrajno и многу други.

Нека овој Осми март биде повод за едно незаборавно дружење и уживање во екслузивниот амбиент во свечената сала во ЦАР САМУИЛ заедно со маестралниот глас на Александра Радовиќ.

Старт: 20 часот

Ценa на билети:

Зона 1: 2.000ден.

Зона 2: 1.700ден.

Зона 3: 1.500ден.

Во цената на билетите е вклучена шведска маса и организиран превоз на денот на настанот (8 Март) од Скопје до Цар Самуил - Струмица и назад до Скопје по завршување на концертот.

Задолжително е да потврдите за организиран превоз на телефонскиот број  070 312 561