Александар Митевски и Дац

 

Почитувани,

Ве покануваме на хуманитарен настан на 15.07.2022 година со почеток од 21 часот на кој ќе настапат Александар Митевски и Дац. Цена на хуманитарна влезница е 300 денари. Собраните средства од хуманитарниот настан ќе се уплатат за изградба на семејната куќа на семејството Трајковски од Општина Бутел, која го изгуби својот дом во пожар. 
Да бидеме хумани. Да се дружиме и да помогнеме за семејството Трајковски да добие нов дом.