АЛАРМ ЗА ПРИРОДАТА 2018
Аларм за природата е иницијатива за обединување на силите на зелената армија, музиката и уметноста, образованието и студентските организации, науката и технологијата, владините и невладините организации, млади и стари, СИТЕ во заедничка акција за соочување и решавање на проблемите со животната средина. Основната идеја е да се популаризира концептот за обновување и зачувување на животната средина, да се разбуди чувството на поврзаност и меѓузависност помеѓу човекот и животната средина и свесноста за моќта на индивидуалното влијание врз природната околина и тоа преку активности и кои се интересни и атрактивни за младите. Крајната цел е мотивација за преземање на активна улога во заштитата и зачувувањето на природата и практикување на здрав начин на живот во хармонија со природата.
Оваа година, по 3ти пат ќе се случи еко фестивалот Аларм за природата, во кампот Ливадиште, Струга, од 26 јуни до 1 јули. Освен бројните еко акции и предавања, направивме и музичка програма за да може да се одмориме и да ги размрдаме телата после целодневните активности.
Целата програма следува тука:
Четврток 28.06.2018 год.
11.00 - 12.00 Пристигнување и собирање во центарот на градот Струга ќе се продолжи со распределба на 2 групи и поделба на рекламен материјал за настанот. Пристигнување во кампот.
16.30 Анкета • Справување со цврстиот отпад во домаќинствата - ОСТУ „Наце Буѓони„ Куманово
16.30 Презентирање на начини за искористување на природни материјали, отпадот и дискусија за бенифитите –ОСТУ „Наце Буѓони„ Куманово, ОУ„Гоце Делчев“ Битола, Изработка на куќичкa за птици од природни материјали(трска, каменчиња, школки), Изработка на релјефна уметност (пастрмки, птици) од дрвo и каменчиња.- ООУ “Димката Ангелов Габерот” – Кавадарци, Изработка на елементи од дрво, Фонтана од природен камен, Мозаик од камчиња -СОУ„Никола Карев“ – Струмица, “Eco - Alarm Fashion“ - СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп, Од смет до цвет - ДСУ за рехабилитација и образование ,,Св. Наум Охридски ``- Скопје, Електронски отпад, постер - енергетската ефикасноста на објектите, облека од отпадна хартија и пластични ќеси - ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид, Изработка на мебел од стари палети, Реупотреба на стари автомобилски гуми, Реупотреба на пластична амбалажа - Средно Општинско Училиште “Таки Даскало “ – Битол
16.30 Ликовна колонија слики за чиста животна средина, плакати со мото и пароли за “АЛАРМ за ПРИРОДАТА” СОУ “Гоце Делчев” Валандово, Сликање на природни материјали - ООУ “Димката Ангелов Габерот” – Кавадарци
20.30 Еколошки Тимски Предизвици - СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп Документарен краток филм и видео презентација на тема Еко изработена од компјутер- техника генијалци - СОУ “Гоце Делчев” Валандово
Петок 29.06.2018 год.
09.30 Влијанието на екологијата врз домашните миленици - Хуманитарно Едукативна Организација Хајга Штип
10.15 Slam поезија - Аларм за природата - Poetry Slam Macedonia
11.15 Живот без користење на пластика и без производство на отпад, Здружение за одржлив развој СФЕРА
16.00 Визија за Еко-Социјалниот развој ЕКОСКОП, Скопје
17.00 Еко-етика и Еколошки стандарди – ISO 14 000 ЕКОСКОП, Скопје
18.00 Биодиверзитетот и неговата улога за само-рециклирање на природата ЕКОСКОП, Скопје
20.00 Органско производство, барања на стандардот и процес на сертификација - Здружение на производители на органска храна „БИОВИТА“ - Кавадарци
20.00 Валандовски еко slow food штанд - СОУ “Гоце Делчев” Валандово
21.00 Музичка композиција HIP HOP со наслов : “ Мајка Планета “ - СОУ “Таки Даскало “ – Битола
21.30 Conquering Lion
22.30 Милко
23.30 Културно уметнички работници
00.30 Rootboy selector
Сабота 30.06.2018 год
09.30 Презентација за движењето Let’s do it - Здружение за одржлив развој и заштита на животната средина - ГоуГрин
10.15 Обновливи извори на енергија – ЕКО Програма - СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп
11.15 Природен производ = Еколошки индикатор - СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп
16.00 Бојни отрови и влијанието на човекот врз животната средина - СОУ Гимназија ,, Мирче Ацев’’ – Прилеп
17.00 Со природата сум во контакт често зашто здравјето ми е на прво место - ДСУ за рехабилитација и образование ,,Св. Наум Охридски ``- Скопје
18.00 Еко-хуманитарен проект „Рециклирај и Донирај“ - ЗГ „ЉУБЕЗНОСТ“ – СКОПЈЕ & СУНИЛЕНС ДООЕЛ СКОПЈЕ
20.30 Slam поезија - Аларм за природата - Poetry Slam Macedonia
21.00 Аграр Бенд - СОУ “Гоце Делчев” Валандово
21.30 Muhamed Ibrahimi
22.30 Мугер Фугер
23.30 Нокаут
00.30 BTKRSH
Недела 01.07.2018 год.
09.10 Вода за сите - ОУ„Гоце Делчев“ Битола Капка вода – Еден живот - СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп
10.45 Женски отпад во тоалет и отпадни води - Новинари за човекови права и Еко
12.00 Импровизација на Дебатен Натпревар - СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп
14.00 Ручек - прогласување на еко поединец, прогласување на еко училиште, прогласување на еко волонтер, доделување благодарници за учество Slam поезија - Аларм за природата - Poetry Slam Macedonia - Победник
17:00 Средување на кампот
18.00 Заминување
Организаторот го задржува правото на промени и дополнување на програмата.
Фестивалски билет за сите 4 дена чини 500 денари.
Дводневна карта која важи за 29 и 30 јуни чини 400 денари.
Додека еднодневните карти се по цена од 300 денари.
Дојдете заедно со музика и екологија до почиста животна средина!