Аларм за природата - еко камп

alarm za prirodata eko akcijaАларм за природата е иницијатива за обединување на  силите на зелената армија, музиката и уметноста, образованието и студентските организации, науката и технологијата, владините и невладините организации, млади и стари, СИТЕ во заедничка акција за соочување и решавање на проблемите со животната средина. Основната идеја  е да се популаризира концептот за обновување и зачувување на животната средина,  да се разбуди чувството на поврзаност и меѓузависност помеѓу човекот и животната средина и свесноста за моќта на индивидуалното влијание врз природната околина и тоа преку активности и кои се интересни и атрактивни за младите. Крајната цел е мотивација за преземање на активна улога во заштитата и зачувувањето на природата и практикување на здрав начин на живот во хармонија со природата.

alarm za prirodata eko akcijaАларм за природата ве повикува на дружење, разменување идеи, краток одмор, наоѓање решенија, соочување со најголемиот проблем - загаденоста на водите во Македонија, меѓусебно запознавање, спојување на човечките, космичките и зелените сили за достигнување на единствената цел - намалување на загаденоста, раст на еко свесноста кај луѓето, па еден ден и целосно чисти води во Македонија. Она што во светот се смета за реткост и богатсво, питката вода за пиење, кај нас се уништува како да е вечен елемент кој никогаш нема да се потроши. Освен сите умствени активности, оние со поактивен дух и повеќе енергија можат да ни се приклучат во еко акциите кои ќе ги направиме на крајбрежјето на Охридското езеро.

За оваа цел во кампот Даљан можете да ги користите следниве услуги, по симболични цени
сместување во сопствен шатор 100 денари
сместување во контењер 200 денари
сместување во соба 400 денари

Ресторанските услуги за време на еко кампот ќе изнесуваат
појадок 80 денари
ручек 200 денари
вечера 150 денари

Доколку сакате повеќе да дознаете за активностите изминативе години на еко герилците кои се дел од здружението Аларм За Природата, посетете ја нашата веб страна http://www.alarmzaprirodata.mk
Еко свесни луѓе, зелени војници, повелете во извидничкиот камп Даљан, од 09 до 12 Јули!
Се што треба да понесете со вас е камп опрема, храна и позитивна енергија и чист дух!
ЕКО Поздрав!
Се гледаме во Охрид!