Al Di Meola
Огромно задоволство ни е да Ви го најавиме ексклузивниот концерт на најнаградуваниот гитарист на сите времиња, Al Di Meola, кој ќе се одржи на 13 август, под отворено небо, на Античкиот театар во Охрид, со почеток од 21 часот, а во организација на Авалон продукција.
По неверојатно успешнo распродадениот концерт за кратко време во 2008 година одржан во Универзалната Сала, легендарниот гитарски виртуоз повторно ќе настапи пред македонската публика и фановите од целиот Балкан. Неговиот настап е во рамките на промотивната турнеја за неговото последно албумско издание со наслов „Elysium“.
Mузичарот што читателите на влијателниот магазин „Guitar player“ дури четири пати го прогласија за најдобар џез гитарист, на сцената ќе го придружуваат гитаристот Pеo Alfonsi и перкусионистот Peter Kaszas.
Пошироката светска јавност го запозна Al Di Meola вo 1970-те години, како гитарист во џез-фјужн составот „Return to forever“, во кој членуваат клавијатуристот Chick Korea, басистот Stanely Clark и тапанарот Lenny White. За тоа време, додека Al Di Meola е член во „Return to Forever“, составот објави три албуми. Но, кон крајот на 1970-те години, Al Di Meola одлучува да прави соло кариера и до денес има објавено 24 албуми, освоено многу значајни награди и продадени над 10 милиони копии од своите изданија.
Освен со Clark и Corea, Al Di Meola е познат и по соработката со колегите John McLaughlin и Paco de Lucia, кои во јавноста беа познати под името „гитарско супер трио“. Долгата листа на соработници на Al Di Meola вклучува имиња како Paul Simon, Phil Collins, Luciano Pavarotti, Carlos Santana, Jimmie Page, Frank Zappa и многу други.
Билети во предпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се (освен на продажните места Макпетрол)
Купи Карти За Се забранува било какви превземања на текстови и слики од оваа веб страна.
Сите превземања кои се без дозвола на Купи Карти За Се, ќе се сметаат за нелегални и
ќе бидат предмет на соодветна легална процедура!